ЗУР ПОСЕН РЕЦЕПТ - ПРЖЕН ОСЛИЌ СО СОС ОД ЛУК
Состојки
- 600 гр. ослиќ
- 3-4 лажици брашно
- 1 лажица мешан сув зачин
- масло за пржење
- 7-8 чешниња лук
- 1 лажица сол
- 5-6 лажици полни, посен мајонез
- 1 лажица сенф
- 3-4 кисели краставички
- 1 лажица копар
Рецепт
Сосот од лук кој оди како додатен прилог на главното мени, Ослиќ, е супер избор за сите оние кои го сакаат вкусот на лукот.
Овој сос, вистински ќе ви отвори апетит. Лукот претставува природен антибиотик кој во комбинација со останати состојки наликува на грчкиот сос кој го користиме со гиро (цаѕики), но сега сервиран во посна варијанта.
Рецептов во продолжение претставува обична почетна верзија, додека по избор и по вкус можете да додавате различни состојки и додатоци по ваша желба каде дополнително можете да го креирате како намаз кој би го користеле и во друг ручек или оброк.
Припрема:
Лукот се лупи и заедно во комбинација со сол се толчи. Се мешаат додека целата смеса не добие кремаста боја. Се додава мајонез, сенф и сецкани, тенки и малки краставици.
На ослиќот и ја отстрануваме лушпата и ја сечеме на парчиња. На страна се прави припрема со брашно и различни зачини по ваш избор. Секое парче посебно се превртува во брашното и потоа се пржи во убаво загреано масло.
Ви посакуваме пријатен ручек со овој едноставен, но вкусен посен рецепт.